Volvo Assistance

В И ПОМАГАМЕ ВЕДНАШ

Јавете се +385 1 62 69 840

Знаеме дека до незгода може да дојде независно колку добар автомобил имате. Од таа причина се погриживме да добиете моментална помош доколку, на пример, сте ги изгубилеили заклучиле клучевите, ви се дупнала гума, имате проблеми согоривото, се испразнил акумулаторот или се расипал моторот.

Со Volvo Assistance ви г арантираме 24-часовна помош во случај на дефект, независно дали се наоѓате напат или во вашата г аража. Тоа е сервис кој е дизајниран за да ви помогне повторно да продолжите насекаде и секогаш кога ви е потребна помош.

ШТО ВКЛУЧУВА „VOLVO ASSISTANCE“?

Volvo Assistance е бесплатен сервис на Волво во случај на дефект на вашето возило на пат. Важи з а период од 2 г одини од купувањето и регистрирањето на возилото.

Истиот г о покрива возачот и до 4 патници (6 патници за Волво XC90).

Приколката и камп- приколката што ј а влече вашето возило се исто така опфатени.

Со „Volvo Assistance“ вие сте заштитени 24 часа на ден, 365 дена во г одината.

Независно каде се наоѓате, во вашата земја или на пат некаде во Европа, па дури и ако сте дома, едноставно јавете се на нашиот број (меѓународен разговор по локална тарифа), а ние ќе ви овозможиме поддршка што е можно побрзо.

ЈАВЕТЕ СЕ ЗА VOLVO ASSISTANCE ВО СЛУЧАЈ НА:

•Механички или електронски дефект

•Проблеми со горивото: сте останале без гориво, сте наполниле погрешно или контаминирано гориво

•Проблеми со клучевите: сте ги заклучиле, изгубиле или скршиле клучевите на вашето возило

•Проблеми со тркалата: дупнат или истишен пневматик

•Испразнет акумулатор Сообраќајна несреќа поради која возилото не е повеќе во возна состојба

•Обид за кражба или вандализам поради што возилото не е повеќе во возна состојба

•Кражба (возилото било украдено)

•Пожар